Министерот, Златко Перински, присуствуваше на Работниот комитет на Националната развојна стратегија, посветен на темата „Одржлив локален и регионален развој кој создава кохезија “.
На состанокот, на кој присуствуваа и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, како и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, беа разгледани и дефинирани мерки што во иднина ќе обезбедат еднакви шанси за напредок на сите региони.
Министерот Перински истакна дека силните општини и развиените региони се темел на севкупниот национален напредок, и дека Владата останува посветена на континуирана поддршка за нивен одржлив и рамномерен развој.