Во просториите на Владата се одржа деветтиот состанок на Секторската работна група за регионален и локален развој.
На состанокот, кој го водеше заменик министерот Ерџан Селими, беа презентирани актуелните иницијативи што Министерството за локална самоуправа ги спроведува и координира, со поддршка на Владата, во насока на зајакнување на локалната самоуправа и обезбедување рамномерен и одржлив развој на сите наши региони.
Министерството ги презентираше реализираните активности од Потпрограмата АА - инфраструктурни проекти во општините, Програмата за одржлив локален развој и децентрализација, Програмата за рамномерен регионален развој и Програмата за намалување на диспартети.
Посебен интерес предизвика презентацијата на активностите за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на општините, како важна алатка која ќе обезбеди сериозна подршка за јакнење на капацитетите на локално ниво, поттикнување на поефикасен локален развој и подобрена соработка помеѓу локалната и централната власт, како една од препораките на Европската Унија нотирана во повеќе годишни извештаи за напредокот на државата во евроинтегративниот процес.
Претставниците на Делегацијата на Европската унија, ја истакнаа важноста за продолжување на иницијативноста и засиленото темо на унапредување на регионалниот и локалниот развој, како важен сегмент за постигнување на напредок во рамки интегративниот процес на Република Македонија кон ЕУ.