Делегација од 15 члена од Конгресот на локални и регионални власти, која ќе ги набљудува локалните избори, закажани за 19 октомври 2025 година, предводена од г-ѓа Гобнаит НИ МХУИМНЕАКЕЈН, шеф на Делегацијата, се сретна со државниот секретар Јулијана Павковска Боцевска.
На состанокот се презентираа досегашните активности на Министерството за локална самоупрва во рамки на Владата, во насока на зајакнување на локалниот развој, децентрализацијата, регионалниот развој и демократските капацитети на локално ниво.
Локалната демократија е една од клучните демократски вредности во Македонија во која независното функционирање на локалната самоуправа е поткрепено со партиципен пристап во донесувањето одлуки и учество на сите чинители во градењето на локалните политики.
Присуството на претставниците на Конгресот на локални и регионални власти за време на изборниот процес е јасен сигнал за нашата посветеност кон зајакнување на локалната демократија.
Министерството за локална самоуправа ја продолжува соработката со сите активни чинители во рамки на Советот на Европа во областа на локалниот и регионалниот развој.