Министерот Златко Перински присуствуваше на настанот „35 години Интерег: Моќта на соработката за европска и регионална кохезија“.
Ова е иницијатива што повеќе од три децении ја симболизира силата на европската солидарност, партнерство и заеднички напредок.
Целосното искористување на достапните ЕУ фондови претставува клучен предуслов за унапредување на регионалната поврзаност, забрзан економски раст и рамномерен развој на сите региони во Македонија.
Преку програмите за прекугранична соработка, секоја инвестиција значи подобар квалитет на живот за граѓаните, нови можности за развој и поквалитетни јавни услуги.