Скопје, 28 октомври 2026 година – Министерот за локална самоуправа, г. Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со директорите на центрите за развој на планските региони, на која беа потпишани анексите на договорите за соработка за 2026 година, со кои се овозможува исплата на дополнителни 15 милиони денари, односно по 1.875.000 денари за секој центар.
Со дополнителните средства, вкупната финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа за активностите на осумте центри во 2026 година изнесува 24,6 милиони денари, односно по 3.075.000 денари за секој центар.
Средствата се наменети за реализација на активностите и задачите утврдени во член 30 од Законот за рамномерен регионален развој, во согласност со развојните приоритети на планските региони.
Дополнителните 15 милиони денари се обезбедени со ребалансот на Буџетот на РС Македонија за 2026 година. За таа цел, Владата ја донесе Програмата за изменување на Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 232/26), со која се овозможува дополнителна исплата на финансиски средства за осумте центри.