Министерот за локална самоуправа Златко Перински присуствуваше на Третиот состанок на Управниот комитет во рамки на Програмската рамка помеѓу Sida и UNDP, на кој беше презентиран напредокот на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“. Проектот се спроведува со поддршка и партнерство на Амбасадата на Шведска, Сида, Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и УНДП.
Развиените алатките во рамки на проектот како Фондот за техничка документација и Општинскиот развоен индекс, нема да останат само проектни решенија.
Со нивната интеграција во институционалниот систем ќе се обезбеди континуирана поддршка за општините во подготовката на квалитетна проектна документација, носењето одлуки засновани на податоци и поефикасното планирање на локалниот развој.
Министерството за локална самоуправа останува посветено на создавање одржливи механизми кои ќе ги јакнат капацитетите на општините и ќе придонесат за порамномерен и одржлив локален развој.