Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, беше во посета на Општина Ранковце каде оствари средба со градоначалникот Даниел Павловски, членовите на Советот и општинската администрација, на која се разговараше за актуелните предизвици и развојните приоритети на општината, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините. Во рамки на посетата оствари средба и со пратеникот Бране Петрушевски.
Извршен беше увид во реализацијата на проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“, кој се спроведува во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.
Вредност за македонските партнери: 522.806 евра;
Национално кофинансирање од Министерството: 78.420 евра;
Во наредниот период започнува имплементацијата на проектот „Активни граѓани за прекуграничен регион без поплави“ во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Косово.
Во тек е реализацијата на проектот за изградба на локален пат во с. Опила во вредност од 6,3 милиони денари преку Програмата за рамномерен регионален развој.
Преку двата јавни повика на Владата, во Општина Ранковце се имплементираат 5 проекти од областа на транспортот во вредност од над 38 милиони денари.
Поддршката на локалниот развој и создавањето еднакви можности за сите општини, вклучувајќи ги и помалите, остануваат приоритет.