Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, пред Законодавно правната комисија и Комисијата за локална самоуправа ги презентираше предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за период 2021–203

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, пред Законодавно правната комисија и Комисијата за локална самоуправа ги презентираше предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за период 2021–2031.
Предложените измени произлегуваат од спроведеното тековно оценување на Стратегијата и имаат за цел нејзино понатамошно унапредување и усогласување со актуелните развојни потреби, новите демографски показатели и Националната развојна стратегија 2024–2044.
Министерството за локална самоуправа останува посветено на креирање политики засновани на реални податоци, мерливи резултати и одржливи решенија, кои ќе придонесат за рамномерен развој на сите плански региони и општини во секој дел од државата.

Мени за пристапност