Заменик министерот Селими присуствуваше на обуката посветена на развојот и имплементацијата на планови за одржлива урбана мобилност, на покана на Министерството за транспорт.
Одржливата урбана мобилност не е само прашање на сообраќај, туку и на квалитет на живот за граѓаните.
Затоа е важно институциите и општините заеднички да работат на креирање современи и одржливи решенија кои ќе одговорат на потребите на граѓаните и на предизвиците на современиот урбан развој.
Вложувањето во знаење, планирање и координација е предуслов за создавање функционални, безбедни и пристапни градови за сите.