Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денес во Општина Јегуновце изврши увид на активности на проектот:
,,Реконструкција на пристапен пат до Манастир Св. Константин и Елена, с. Вратница“.
Вкупната вредност на проектот изнесува: 5.020.331 денари, од кои 692.917 денари обезбедени од Министерство за локална самоуправа, додека 4.327.414 денари се средства обезбедени од општината.
Проектот е дел од активностите за намалување на регионалните диспаритети и зајакнување на регионалната конкурентност преку инвестиции во јавната инфраструктура, со цел создавање поквалитетни услови за живот и работа во локалните заедници.