Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Стоилковиќ со честитка по повод Илинден - Денот на Републиката

Министерот Стоилковиќ со честитка по повод Илинден - Денот на Републиката
По повод 2 август – Илинден, Денот на Републиката, во свое лично и во име на Министерството за локална самоуправа, упатувам искрени честитки до сите граѓани.
 
Илинден е празник што нè потсетува на историското значење на слободата, државноста и заедничката одговорност за иднината. Тој е можност да им оддадеме признание на сите генерации кои придонеле во развојот на нашата земја и да ја потврдиме нашата заложба за општество во кое владеат меѓусебната почит, солидарноста и соработката.
 
Вредностите што ги симболизира Илинден нè обврзуваат секојдневно да работиме во интерес на граѓаните, со чувство на одговорност, заемно разбирање и искрена посветеност на јавниот интерес.
 
Како Министерство за локална самоуправа, остануваме посветени на развојот на локалните заедници, на рамномерен развој на општините и на создавање услови за поквалитетен живот во секој дел од нашата земја. Веруваме дека силните и развиени општини се основата врз која се гради силна и успешна држава.
 
Нека празничниот дух на Илинден биде поттик да продолжиме да работиме одговорно, со единство, заемно почитување и визија за подобра иднина за сите граѓани.
 
Нека е честит Денот на Републиката!

Мени за пристапност