Министерот Перински присуствуваше на официјалното потпишување на договорите за шесте проекти поддржани во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Косово.
Вкупната вредност на проектите изнесува 3,24 милиони евра, а се насочени кон заштита на животната средина, развој на туризмот, социјална инклузија, институционално јакнење и локален економски развој.
Овие иницијативи претставуваат значајна поддршка за општините, националните паркови и приватниот сектор, но и потврда дека преку партнерски пристап и добро планирање можат да се реализираат проекти со конкретна и долгорочна вредност за граѓаните.
Како Министерство за локална самоуправа, продолжуваме посветено да работиме на унапредување на локалниот развој, јакнење на капацитетите на општините и поголемо искористување на европските фондови и можности.