Заменик министерот, Ерџан Селими присуствуваше на настан за презентација на резултатите на меѓуопштински проект кој се реализира во Гевгелија и Богданци во рамки на повикот „Општините како двигатели на одржливиот развој“.
Финансиската поддршка за проектот „Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници“ е обезбедена од Бирото за регионален развој и двете општините.
Преку проектот набавена е противпожарна опрема, униформи за заштита на пожарникарите, а развиена е и нова дигитална алатка.
Поттикнувањето на меѓуопштинската соработка претставува еден од клучните механизми преку кој општините, преку заеднички пристап и споделување на ресурси, можат да обезбедат поквалитетни, поефикасни и поодржливи услуги за граѓаните.
Воедно, по повод Денот на пожарникарите, беше изразена благодарност до сите пожарникари за нивната професионалност, посветеност и пожртвуваност во заштитата на граѓаните.