Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора, на која се разговараше за потребата од посилна и поконкретна соработка помеѓу Министерството и Комората.
На средбата беа разменети мислења и идеи за повеќе значајни теми поврзани со локалниот економски развој, инфраструктурните инвестиции, дигитализацијата на локалните услуги и нивното значење за приватниот сектор, како и за можностите за подлабока соработка на Комората со општините и планските региони.
Беше истакнато дека само преку координирана соработка помеѓу институциите, локалната самоуправа и бизнис заедницата може да се создаде одржлив локален и регионален развој, подобра деловна клима и поквалитетни услуги за граѓаните.

Мени за пристапност