Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста

 Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста
По повод 8 Септември – Денот на независноста, министерот Иван Стоилковиќ во негово лично и во име на Министерството за локална самоуправа, упати искрени честитки до сите македонски граѓани.
 
Оваа година со посебна гордост одбележуваме 35 години независност, три и пол децении исполнети со предизвици, достигнувања и искуства кои го трасираа патот на нашата држава.
 
На 8 септември 1991 година граѓаните ја изразија својата историска волја за самостојна и суверена држава. Тоа беше чин на политичка зрелост и решителност со кој беа поставени темелите на современата македонска државност. Денес, 35 години подоцна, наша одговорност е да го чуваме и надградуваме она што го создадоа генерациите пред нас. Да градиме држава со силни институции, развиени локални заедници, еднакви можности и рамномерен развој, држава која создава услови за достоинствен живот и сигурна иднина за сите свои граѓани.
 
Како Министерство за локална самоуправа веруваме дека развојот на државата започнува и се потврдува во секоја општина, во секое населено место и во секоја локална заедница. Само со заедничка посветеност, одговорност и соработка можеме да создадеме посилна и попросперитетна Македонија.
 
Нека овој голем јубилеј биде повод со гордост да го погледнеме патот што го изодевме, но и со одлучност да погледнеме кон иднината. Да продолжиме да ја градиме државата со почит кон нејзината историја, со одговорност кон сегашноста и со визија за генерациите што доаѓаат.
 
Нека е честит Денот на независноста!

Мени за пристапност