Во Крушево свечено беше отворено новото полетувалиште за параглајдери, изградено во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – патување во природа и авантура“ (КЕТ-Ј), финансиран од Европската Унија, каде што воедно се одржува натпреварувачкиот дел од Светското јуниорско првенство во параглајдинг – Крушево 2026.
Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА III Програмата за прекугранична соработка РС Македонија – Р Албанија и претставува значаен чекор во унапредувањето на одржливиот туризам, активностите на отворено и прекуграничната соработка меѓу двете земји.