Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Започна иницијативата „Општини за здравје“ - од национални приоритети кон локална акција!

Започна иницијативата „Општини за здравје“ - од национални приоритети кон локална акција!

Во Скопје денеска се одржа Првиот национален форум „Општини за здравје“, кој има за цел да ги поттикне општините на поактивно вклучување во унапредувањето на здравјето, превенцијата на болестите и благосостојбата на граѓаните.

Форумот ги обедини претставниците на централната и локалната власт, здравствените институции и Светската здравствена организација околу заедничката цел - создавање поздрави заедници преку партнерство и конкретни активности на локално ниво.

На форумот, заменик-министерот за локална самоуправа Ерџан Селими ја истакна важноста од вклучувањето на здравјето во локалните планови, програми и буџети, како и потребата од зајакнување на општинските капацитети и меѓусекторската соработка.

„Здравјето на граѓаните не зависи само од здравствениот систем. Тоа во голема мера зависи и од средината во која живееме, работиме, учиме и ги воспитуваме нашите деца. Токму тука општините имаат особено значајна улога, бидејќи се најблиску до граѓаните“, истакна Селими, потенцирајќи дека грижата за здравјето е заедничка одговорност и дека е важно соработката да се преточи во конкретни локални планови, активности и мерливи резултати.

Грижата за здравјето е наша заедничка одговорност, а општините имаат значајна улога во создавањето поздрави локални заедници.

Мени за пристапност