Заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими оствари средба со Hugo Sobral, заменик генерален директор на Directorate-General for Regional and Urban Policy (DG Regio). На состанокот присуствуваше и Gaby Hagmuller програмски менаџер од DG Regio , при што се разговараше за тековната соработка, имплементацијата на ИПА и Интерег програмите, како и за можностите за нејзино понатамошно продлабочување.
На средбата беше отворено и прашањето за транснационалните програми, меѓу кои ИПА Адрион и Еуромед, при што беше потенцирано значењето на регионалната соработка и размената на искуства во процесот на рамномерен регионален развој.
Беше изразена благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија во процесите на регионален развој и зајакнување на институционалните капацитети.
Од страна на претставникот на DG REGIO беше истакнато задоволство од досегашната соработка, при што беше нагласена потребата од понатамошно заедничко дејствување во насока на јакнење на капацитетите на локалните самоуправи и унапредување на регионалниот развој.