Заменик министерот Селими, во Битола присуствуваше на првиот настан на проектот„FIREFLY“, кој се реализира во рамки на Интерег VI-A ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2021–2027.
Вкупната вредност на проектот за македонските партнери: 545.680 евра
Кофинасирање од страна на министерството: 109.136 евра.
Имплементатори на проектот се Центар за развој на Пелагониски плански регион и Дирекција за заштита и спасување.
Проектот е насочен кон унапредување на превенцијата исправувањето со шумските пожари преку зајакнување накапацитетите на институциите, размена на знаења иискуства и воведување современи решенија за ранооткривање и брза реакција.
Посебно значајно е што преку проектот беа обезбедени нови возила и опрема за Територијалната противпожарна единица Битола, што претставува директна инвестиција во безбедноста на граѓаните и заштитата на природните богатства.