Во рамки на официјалната посета на претседателот на Швајцарската Конфедерација, Guy Parmelin на Македонија, министерот за локална самоуправа беше дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски,средба на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете држави.
На средбата беше истакнато значењето на економското партнерството и соработка меѓу двете држави, како основа за натамошно продлабочување на билатералните односи.
Швајцарија останува искрен пријател и значаен партнер во развојот на нашата држава со долгогодишна поддршка во градење на институционалните капацитети и унапредувањето на рамомерниот регионален развој.