Министерот, Златко Перински, учествуваше на настанот по повод заокружувањето на шестгодишниот циклус на програмата „ЕУ за општините“, која успешно се реализираше во партнерство со Министерството за локална самоуправа.
На настанот поздравни обраќање имаа и амбасадорот на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас, првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, како и заменик министерот за финансии, проф. д-р Николчe Јанкуловски.
Во своето обраќање, министерот Перински истакна дека резултатите постигнати преку програмата „ЕУ за општините“ се мерливи и од големо значење за општините, нагласувајќи дека фондовите што Европската Унија ги става на располагање претставуваат важен инструмент за унапредување на националните политики и приоритетите на локалните власти.