Министерот Златко Перински, учествуваше на форумот „Заедно за регион без отпад: Кон функционален и одржлив регионален систем“, кој претставува важен чекор кон зајакнување на координираната акција, заедничката визија и партнерството меѓу институциите, општините и меѓународните партнери во насока на воспоставување функционален и одржлив систем за управување со отпад.
Во своето обраќање, министерот истакна дека современото управување со отпад значи чиста животна средина и подобар квалитет на живот за граѓаните.
Тој нагласи дека Министерството продолжува да дава поддршка на системски решенија што ќе придонесат кон функционални, чисти и уредени општини.