Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, посетена е Општина Карпош – општина со ново раководство и јасни, амбициозни планови за понатамошен развој

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“,  посетена е Општина Карпош – општина со ново раководство и јасни, амбициозни планови за понатамошен развој
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, посетена е Општина Карпош – општина со ново раководство и јасни, амбициозни планови за понатамошен развој.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна средба со градоначалникот Лукровски и претставниците на Советот на општината.
На средбата се разговараше за активностите на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, можностите кои тој ги нуди, како и за тековните инфраструктурни проекти што се реализираат во Карпош.
Општина Карпош, преку потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините, во рамки на двата јавни повика доби средства во вкупна вредност од 694.970.635 денари, наменети за финансирање на 24 проекти од приоритетно значење за граѓаните.
Карпош е пример за современа урбана средина со активна заедница, а ваквите посети се важна можност, преку директна комуникација со избраните советници, да се слушне гласот на граѓаните и заеднички да се креираат одржливи решенија за локалниот развој.

Мени за пристапност