Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за локална самоуправа учествуваше на настанот посветен на новата група волонтери на Мировниот корпус

Министерството за локална самоуправа  учествуваше на настанот посветен на новата група волонтери на Мировниот корпус
Министерството за локална самоуправа  учествуваше на настанот посветен на новата група волонтери на Мировниот корпус, заедно со амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
На средбата, министерот Златко Перински лично се запозна со новата група посветени волонтери – луѓе со искрена намера и силна мотивација дел од својот живот да го поминат во нашата земја.
Соработката со Мировниот корпус претставува уште една потврда за стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.
Досега повеќе од 100 волонтери биле вклучени во над 50 општини ширум државата, придонесувајќи со своето знаење, искуство и посветеност.
Во новиот циклус, волонтери ќе бидат распоредени во општините Демир Капија, Гостивар, Тетово и Кичево, каде што локалните самоуправи остануваат целосно отворени за нивниот придонес и новата енергија што ја носат.
Министерството упатува благодарност до Мировниот корпус и им посакува успех на сите волонтери кои ја избраа Македонија како место каде што ќе создаваат позитивни промени.

Мени за пристапност