Во Општина Василево, министерот Перински оствари работна средба со градоначалникот Славе Андонов, членовите на Советот и општинската администрација.
Преку овие директни средби се унапредува нивото на непосредна комуникација, а политиките се креираат согласно реалните потреби од терен, наместо административно од канцеларија.
Во рамки на посетата беше извршен и увид во ИПА проектот Creative DG EcoTour, кој се реализира во рамки на Програмата INTERREG VI-A IPA со Бугарија 2021–2027, Приоритет 3 – Интегриран развој на прекуграничниот регион, со цел поттикнување на одржлив, инклузивен и нискојаглероден локален развој во руралните средини.
Со проектот, Општина Василево добива реконструиран и опремен Дом на културата во село Градошорци, во кој ќе се воспостават:
• туристички информативен центар за промоција на туристичките можности на регионот;
• музејска збирка – спомен-соба посветена на Мис Стон и нејзиниот престој во прекуграничниот регион во 1901 година;
• мултифункционална сала за одржување на културни настани, конференции, изложби и јавни настани.
Вкупниот буџет за Општина Василево изнесува 302.357 евра, од кои Министерството за локална самоуправа обезбедува кофинансирање од 15%.
Целта останува јасна — силни општини, искористени европски можности и видливи резултати за граѓаните.