Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

VI Состанок на Управниот комитет на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој''

VI Состанок на Управниот комитет на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој''
Министерот Златко Перински претседаваше со Управниот комитет, каде заедно со амбасадорот на Швајцарија, Н.Е. Кристоф Зомер и заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски, ги разгледаа досега спроведените активности во рамки на проектот, како и планот за активности за наредниот период.
Во рамки на проектот, како дел од последните имплементирани активности, беше поддржано воспоставувањето на Ресурсниот центар за поддршка на општините, како и подготовката на евалуацијата на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031 година.
Во периодот што следи ќе се подготват осум нови Програми за развој на планските региони, ќе се изработи првиот извештај за развојните потенцијали на регионите, ќе се поддржи процесот на дефинирање на програмите со влијание врз регионалниот развој, како и ќе се обезбеди поддршка за градење на капацитетите на општините, согласно нивните потреби.

Мени за пристапност