Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржана осмата седница на Координативното тело за следење на спроведувањето на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021 – 2026 година

Одржана осмата седница на Координативното тело за следење на спроведувањето на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021 – 2026 година
Одржана осмата седница на Координативното тело за следење на спроведувањето на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021 – 2026 година, со поддршка и во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, финансиран од Швајцарската влада, Министерството за локална самоуправа, а кофинансиран и спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Со седницата претседаваше Државниот секретар, Јулијана Павковска Боцевска, која го презентираше Нацрт годишниот извештај за спроведување на Акцискиот план на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација за 2025 година, како и точките:
-План на активности за зајакнување на меѓуопштинска соработка и
-План за работа на Координативното тело за 2026 година со динамика на активности
Раководителот на Секторот за локална самоуправа во рамки на министерството, Сузана Најкова, ја презентираше точката
Извештај за задоволство на граѓаните од локалните услуги за 2025 година.
Поддршка на работата на Координативното тело, даде и Националниот координатор за локална самоуправа, г-ѓа Лилјана Затуровска.
Напредокот во областа на одржлив локален развој и децентрализацијата како мултисекторски процес, е условен со активната вклученост на сите засегнати страни, заклучија присутните членови на Координативното тело.
Министерството за локална самоуправа и во текот на 2026 година, продолжува со интензивни активности со цел ефикасна остварување на целите за одржлив развој и континуирано подобрување на функционалноста на локалната самоуправа.

Мени за пристапност