Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Стоилковиќ во Кочани: Партнерството со општините е основа за успешен локален развој

Стоилковиќ во Кочани: Партнерството со општините е основа за успешен локален развој
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ оствари работна посета на Општина Кочани, каде што се сретна со градоначалникот Владко Грозданов.
 
На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува општината, за развојните приоритети и за натамошно унапредување на партнерската соработка во реализацијата на проекти од значење за локалниот развој и подобар квалитет на живот на граѓаните.
 
По средбата, министерот Стоилковиќ се сретна и со дел од младите кои беа повредени во трагичниот пожар во Кочани и кои се лекуваа во Република Србија. Во искрен и непосреден разговор им посака успешно закрепнување, истакнувајќи дека институциите и во периодот што следува ќе останат отворени за поддршка и помош, секогаш кога тоа ќе биде потребно.
 
Посетата на Кочани е дел од караванот „Каде што срцето е дома“, преку кој Министерството за локална самоуправа воспоставува директна комуникација со општините, навремено ги препознава нивните потреби и работи на создавање ефикасни и одржливи решенија во интерес на локалниот развој и на сите граѓани.

Мени за пристапност