Спроведена е тековна оценка на Стратегијата за регионален развој 2021–2031, која обезбедува јасна слика за постигнатите ефекти и резултати од имплементацијата на овој долгорочен плански документ.
Следењето и оценката на Стратегијата се препознаваат како сериозен и значаен процес, кој овозможува навремено согледување на состојбите и креирање политики засновани на докази.
Резултатите и препораките од извештајот за тековната оценка беа координирани денеска на работна средба со претставници од повеќе од 20 органи на државната управа кои се релевантни чинители во оваа област.
На средбата се дискутираше за степенот на исполнување на мерките, постигнатите резултати, клучните предизвици и предлози за дополнување, со што оценката ќе биде заснована на податоци и заеднички институционален придонес. Преку овој процес ќе се утврдат и можни потреби за унапредување и измени во наредниот период.
Целите на хартија значат многу кога се претвораат во конкретна реализација.