Изминатиот период заедно со тим на експерти се работеше на анализа за проценка и утврдување на потребите на општините преку спроведување на анкета во сите општини, организирање на фокус групи и интервјуа со претставници на општините.
На работниот состанок со тимот од министерството и експертите се разгледаа заклучоците од анализата, кои уште еднаш целосно потврдија дека формирањето на Ресурсниот центар е навремено и од суштинско значење.
Наодите од истражувањето покажаа дека генерални предизвици на општините се во делот на:
(1) недостаток и оптимизација на човечките ресурси,
(2) ограничени финансиски средства и
(3) потреба од јакнење на капацитетите (континуиран професионален развој преку едукација и обуки).
Како одговор на предизвиците на општините, Ресурниот центар:
(1) обезбедува експертиза во делот на стручна, правна, техничка и менторска поддршка за решавање на практичните проблеми со кои се соочуваат,
(2) ќе понуди решение за ажурирање на базите на даночни обврзници со што ќе се зголемат финансиските средства на општините.
Анализата ни обезбедува јасна и реална слика, врз основа на која подготвуваме профили на општините и воспоставуваме каталог на услуги и стандардизирани решенија, соодветни на нивните потреби.
Предизвиците ги препознаваме, а решенијата ги обезбедуваме преку услугите на Ресурсниот центар!