Одговорност кон јавноста не е опција, туку обврска која Владата ја исполнува преку целосна отчетност за секој потрошен денар.
Промовирана платформата proekti.gov.mk, на која секој граѓанин ќе може да ги види сите инвестиции од Првиот повик за инфраструктурни проекти во општините и да го следи нивниот напредок.
На настанот свое обраќање имаше претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, кој јасно порача дека Владата продолжува со транспарентни, проверливи и ориентирани кон резултати политики и проекти.