Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Одржан XI состанок на Секторската работна група за регионален и локален развој

Одржан XI состанок на Секторската работна група за регионален и локален развој
Во Клубот на пратениците во Скопје денеска се одржа XI состанок на Секторската работна група за регионален и локален развој, на кој беа разгледани спроведените активности и приоритетите за наредниот период.
 
На состанокот, на кој воведно обраќање имаше заменик-министерот за локална самоуправа Ерџан Селими, беа презентирани активностите од Акцискиот план за спроведување на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021–2026, работата на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, како и активностите за рамномерен регионален развој.
 
Посебен акцент беше ставен на подготовката на стратешките документи за следниот програмски период 2027–2032, како и на спроведувањето на политиките за локален и регионален развој и зајакнување на капацитетите на општините.
 
На состанокот учествуваше Енцо Дамјани  претставник на Делегацијата на Европската Унија, а во рамки на дискусијата беа разменети мислења за натамошно унапредување на регионалниот и локалниот развој.

Мени за пристапност