Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, учествуваше на Националниот форум – Саем на граѓански организации на панелот посветен на локалната самоуправа.
На панел-дискусијата се разговараше за можностите за вклучување на граѓанските организации и нивната експертиза во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на општините, со акцент на унапредување на соработката меѓу општините и граѓанскиот сектор.
Министерот истакна дека граѓанските организации се значаен партнер во креирањето политики, јакнењето на интегритетот и подобрувањето на услугите за граѓаните. Министерството ќе продолжи да работи на воспоставување функционални механизми кои овозможуваат системска соработка.