Министерот за локална самоуправа, Златко Перински оствари протоколарна средба со амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Кавахара.
На средбата се разговараше за унапредување на долгогодишните пријателски односи меѓу двете држави, кои траат веќе три децении, како и за перспективите за продлабочување на соработката заснована на взаемна доверба и поддршка.
Амбасадорката ги претстави сите тековни и завршени проекти до сега, и ја истакна поддршката која ја дава Јапонија на нашата држава, особено на општините во повеќе клучни области.
Беа истакнати и придобивките што граѓаните ги добиваат преку имплементацијата на двата јавни повика, потребата од јакнење на административните капацитети на општините и на превземените активности до сега, како и во иднина да се разгледа можноста за експертска помош од страна на Јапонија во делот на градење на капацитети.