Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерот Перински заедно со делегацијата во Вашингтон, оствари успешна средба со Националниот демократски институт (НДИ)

Министерот Перински заедно со делегацијата во Вашингтон, оствари успешна средба со Националниот демократски институт (НДИ)
Министерот Перински заедно со делегацијата во Вашингтон, оствари успешна средба со Националниот демократски институт (НДИ) кој преку канцеларијата во Македонија го имплементира проектот “Заедници со интегритет”, во кој партнер е Министерството за локална самоуправа.
Во разговорите со Tamara Cofman Wittes, претседателка на НДИ, Scott Bates, регионален директор на НДИ за Европа и Азија, Kristen Sample, директорка на Одделот за демократско владеење/Лабораторијата за демократски иновации, и Stephanie Rust, директорка на програми, беа разменети ставови за начините за зајакнување на системите за интегритет на локaлно и национално ниво.
На средбата, меѓу другото, беше разговарано за областите во кои тие преку канцеларијата на НДИ во Скопје може да обезбедат дополнителна поддршка согласно потребите на општините, особено во делот на зајакнување на институционалниот интегритет, транспарентноста и отчетноста на локално ниво.

Мени за пристапност