Министерот Перински оствари билатерална средба со Tim Lardner, регионален директор за Европа и Централна Азија на УНОПС.
На средбата разменија мислења и искуства за можностите за продлабочување на соработката во делот на локалниот и регионалниот развој, како и за спроведување на капитални инфраструктурни проекти, со посебен акцент на ефикасноста, транспарентноста и одржливиот развој.