Министерот Перински денеска беше во Делчево, каде разговорите беа насочени кон клучните теми за напредок на општината.
На средбата со градоначалникот Иван Гоцевски, членовите на Советот и општинската администрација се дискутираше за можностите што им стојат на располагање наопштините преку Ресурсниот центар, за тековните програми за аплицирање со проекти кои придонесуваат кон рамномерниот регионален развој, како и за ажурирањето на базите на даночниобврзници — процес што директно ќе ја зајакне финансиската самоодржливост на општините.
Во рамки на посетата, министерот изврши увид и во проектот од областа на туризмот „Интегриранипрекугранични туристички акции во регионот Благоевград–Делчево“, поддржан во рамки на првиотповик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) со Бугарија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“.
Вкупната вредност на проектот за Делчево изнесува 347.636 евра, при што 15% се кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.
Клучни активности се изградбата на скејт-парк ирегулација на коритото на реката Брегалница.
Преку ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Бугарија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“, се финансираат вкупно 10 проекти за унапредување натуризмот во источниот дел од државата, за што се издвојуваат 4.271.885 евра.