Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ и директорката на ИНОВА Даниела Димовска одржаа работна средба на која беа финализирани подготовките за реализација на програмата „Месеци на практиканство“.
На средбата беа договорени завршните активности за успешна имплементација на програмата, преку која во текот на август и септември студентите од државните универзитети ќе добијат можност да стекнат практично работно искуство во општините низ државата.
Програмата претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката помеѓу локалната самоуправа, академската заедница и институциите, овозможувајќи им на младите да ги применат своите знаења во реални работни процеси и да стекнат вредни професионални вештини.
Со оваа иницијатива Министерството за локална самоуправа и ИНОВА создаваат нови можности за младите, придонесувајќи кон развој на локалните заедници преку знаење, практично искуство и иновативен пристап.