Министерот, Златко Перински, денеска ја водеше 42-та седница на Советот за рамномерен регионален развој, на која беа разгледани суштински прашања и утврдени предлог-одлуки за финансирање на предлог-проекти преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година.
Програмата предвидува распределба на средствата преку четири мерки, насочени кон развој на планските региони, селата, урбаните подрачја и подрачјата со специфични развојни потреби.
Вкупно предложени за финансирање се 56 предлог проекти во вредност од 148.407.142 денари.
Советот го разгледа и Извештајот за тековно оценување на Стратегијата за регионален развој 2021–2031, заедно со предложените измени и дополнувања.
Координацијата во рамки на Советот овозможува усогласен пристап во планирањето на развојните политики и поефикасно насочување на средствата таму каде што се најпотребни.
Министерството за локална самоуправа продолжува со одговорен пристап кон развојот, со фокус на конкретни резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните во сите региони.