Заменик министерот, Ерџан Селими учествуваше на настанот „Разговори за еднаквост“ на тема „Право на домување на Ромите“ заедно со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова, амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Лимко Бејзароски и претставник на проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото, Барбара Лигл.
Во своето обраќање, заменик министерот нагласи дека ромите како нераскинлив дел од нашиот мултикултурен живот, има простор повеќе да бидат препознаени во буџетските приоритети на локалните самоуправи. Локалната самоуправа треба да е вклучена во залагањето за еднаквост и права на сите заедници, бидејки таа е најблиску до граѓаните и има најголемо влијание врз нивното секојдневие, врз нивниот пристап до јавните услуги и врз создавањето услови за достоиствен живот за сите.
Оваа Влада и Министерството за локална самоуправа остануваат посветени на обезбедување поддршка за општините во јакнењето на нивната улога за промовирање на еднаквоста, транспарентноста и социјалната правда.