Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Протоколарна средба на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Н.Е. г-дин Ола Сулстром

 Протоколарна средба на министерот за локална самоуправа, Златко Перински, со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Н.Е. г-дин Ола Сулстром
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински  оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Шведска, Н.Е. г-дин Ола Сулстром.
На средбата на која присуствуваа и државниот секретар, Јулијана Павковска Боцевска и државниот советник, Андриана Стојановска се разговараше за активностите од проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, што се имплементира со поддршка на СИДА. Истите се насочени кон зајакнување на институционалните капацитети за рамномерен регионален и општински развој преку Индексот за развој на општините (MDI) и подготовка на документација за инфраструктурни проекти преку Фондот за техничка документација (TDF).
Беа нагласени придобивките што граѓаните ги имаат од јакнењето на административните капацитети на општините, како и можностите за понатамошно продлабочување на соработката и продолжување со поддршка на процесите за локален и регионален развој.

Мени за пристапност