Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Промоција на проектот „Паметен систем за рано откривање на поплави и следење на отпадот во сливот на реката Лепенец“

Промоција на проектот „Паметен систем за рано откривање на поплави и следење на отпадот во сливот на реката Лепенец“
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во посета на Општина Ѓорче Петров присуствуваше на промоција на проектот „Паметен систем за рано откривање на поплави и следење на отпадот во сливот на реката Лепенец“.
 
Проектот е финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Косово – Македонија
 
Преку овој проект Општина Ѓорче Петров доби:
 
- Камион за собирање кабаст отпад
- 2 паметни камери за следење на отпад и движења
- 2 дрона за воздушен надзор
- Сензор за мерење на ниво на вода во Лепенец
- Специјален софтвер за мониторинг во реално време на диви депонии
Дополнително ќе се набават уште 2 теренски возила за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување.
 
 Министерството за локална самоуправа останува партнер на општините во спроведување на паметни и одржливи решенија.

Мени за пристапност