Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

После 90 години се реконструира објектот на училиштето во село Радање

После 90 години се реконструира објектот на училиштето во село Радање
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, денеска присуствуваа на почетокот на градежните активности на проектот „Реконструкција на ПОУ „Страшо Пинџур’’ во село Радање’’, каде што учат околу 70 ученици на македонски и турски јазик, од прво до петто одделение.

Вкупната вредност на проектот е 8.946.038 денари, од кои:
- 4.500.000 денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, преку „Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година’’ , и
- 4.446.038 денари од буџетот на Општина Карбинци.

Преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година се финансирани 38 проекти со вкупна вредност од 87.925.000 денари. Во рамки на оваа Програма се поддржуваат активности за изведба на градби за подобрување на пристапот до инфраструктура на ниво на плански региони и на локално ниво.

Мени за пристапност