Министерот Златко Перински, учествуваше на Форум и Финална конференција на проектот „Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово“, посветени на унапредувањето на дигитализацијата и модернизацијата на локалната самоуправа.
Во рамки на панел-дискусијата, тој се осврна на потребата од системски пристап во дигитализацијата на локалните услуги, како и на креирањето политики што ќе овозможат сите општини, независно од нивната големина и капацитет, да располагаат со лесно достапни дигитални услуги, пократки административни процедури и поефикасно функционирање.
Посебен акцент беше ставен и на улогата на дигиталната трансформација во зајакнувањето на процесот на децентрализација и унапредувањето на локалните услуги во интерес на граѓаните.