Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ОБЈАВУВАЊЕ НА ВТОРИОТ ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ ИПА III Програма за прекугранична соработка Северна Македонија - Албанија 2021-2027

Институција која огласува: Европска комисија

Рок на пријавување: 15/01/2027

Европската комисија на 7 октомври 2026 година го објави Вториот повик за доставување предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија - Албанија 2021-2027, насловен: „Програма за прекугранична соработка Северна Македонија - Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), Алокации за 2024 година“

Референтен број на повикот: EuropeAid/187670/DD/ACT/Multi

Заинтересираните организации се поканети да ги преземат и разгледаат сите документи за повикот достапни преку Порталот за финансирање и тендери на ЕУ на следната веб-страница: https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/prospect-details/187670PROSPECTSEN

Потенцијалните апликанти се охрабруваат да започнат дискусии со своите прекугранични партнери што е можно порано, бидејќи подготовката на висококвалитетни предлог-проекти и ефективната координација на партнерството бараат доволно време.

Ова е ограничен Повик за доставување предлог-проекти. Во првата фаза, од апликантите се бара да достават само Концепт нота (Анекс А.1 - Образец за аплицирање за грант: Концепт нота) за евалуација.

Краен рок за доставување на Концепт нотите: 15 јануари 2027 година

Информативните сесии поврзани со Повикот ќе бидат организирани приближно 15 дена по објавувањето на Повикот за доставување предлог-проекти. Детални информации во врска со организацијата, датумите и локациите на информативните сесии ќе бидат објавени дополнително.

Мени за пристапност