Институција која огласува: Министерство за локална самоуправа
Рок на пријавување: 07/10/2026
Ј А В Е Н О Г Л А С
Министерството за локална самоуправа во улога на Национален орган на ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА програма Бугарија – Северна Македонија (2021TC16IPCB006), објавува јавен оглас за следната работна позиција:
- Службеник за надзор на прво ниво на контрола на ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА програма Бугарија – Северна Македонија (2021TC16IPCB006).
Условите за работа (описот на работното место) можете да го преземете тука.
Кандидатите треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија (CV), на англиски јазик;
- Копии од диплома и релевантни сертификати;
- Копии од оригинални документи со кои се потврдува работното искуство наведено во нивната биографија.
Документите треба да се достават во архивата на Министерстово за локална самоуправа на следната адреса: ул. Кирил и Методиј 54, 1000 Скопје
Краен рок за аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите за апликација до 07 октомври 2026 година најдоцна до 15:00 часот.
Кандидатите кои ќе бидат избрани да присуствуваат на интервју, потребно е да донесат печатена копија од горенаведените документи, кои ги доставиле по електронски пат.