Институција која огласува: Министерство за локална самоуправа
Рок на пријавување: 15/12/2025
Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, објавува јавен повик за експерти коишто ќе бидат дел од базата на експерти на Ресурсниот центар.
Целта е со оваа база на експерти да се создаде основа за стручна и навремена експертска поддршка на општините во сите области неопходни за ефикасно реализирање на локалните надлежности. Преку овој пристап се создава механизам за обезбедување знаење, искуство, практични насоки и решенија што ќе ги зајакнат капацитетите на општините и ќе создадат услови за забрзување на локалниот и на регионалниот развој во нашата земја.
Преку овој повик ќе се воспостави регистар на висококвалификувани експерти и практичари, кои по барање на општините, ќе бидат достапни за различни видови поддршка, менторства, специјализирани обуки, теренски ангажмани, развој на алатки, подготовка на анализи, прирачници, стратегиски и оперативни документи итн.
Области според кои ќе бидат групирани експертите:
Областите се поврзани со изворните надлежности на општините, но и пошироко. Базата на експерти на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините ќе биде групирана во следниве области:
- Урбанизам и инфраструктура
- Животна средина и климатски промени
- Локален економски развој (ЛЕР)
- Комунални услуги
- Култура и спорт
- Социјални услуги и инклузија
- Образование (предучилишно, основно и средно – локални аспекти)
- Здравствена заштита
- Заштита и спасување / управување со кризи
- Јавни финансии и буџетирање
- Јавни набавки
- Правно-административни услуги
- Дигитализација и е-услуги
- Добро управување, транспарентност и антикорупција
- Меѓуопштинска и регионална соработка
Деталите за потребните квалификации по области може да ги најдете на следниов линк.
Апликативниот формулар за учество на овој повик може да го најдете на следниов линк.
За верификација потребно е секој да направи регистрација на платформата и потоа да пристапи до формата за аплицирање.
Формата треба да биде целосно пополнета и да содржи прикачено CV диплома и други релевантни докази доколку се бараат.
Апликантите ќе треба да дадат и кратки објаснувања или примери за нивното релевантно професионално и практично искуство во соодветната област на експертиза.
Критериумите за бодување при евалуација може да ги видите тука.
Повикот ќе биде отворен заклучно со 15.12.2025 година.
Контакт и поддршка при аплицирање на следната e-мaил адреса info@mls.gov.mk или на телефон 078/370-611.