Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен оглас за обезбедување соодветна поддршка на туристичките центри воспоставени за време на спроведувањето на ИПА II Програмата

Институција која огласува: Министерство за локална самоуправа

Рок на пријавување: 04/05/2026

Република Северна Македонија – Министерство за локална самоуправа во соработка со Република Албанија - Државна агенција за стратешко програмирање и координација на помош (SASPAC), во рамки на активностите за имплементирање на ИПА III Програма за прекугранична соработка Северна Македонија - Албанија 2021-2027:
Јавен оглас
Министерството за локална самоуправа и SASPAC, како структури за соработка на ИПА Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија, објавуваат повик за обезбедување соодветна поддршка на туристичките центри воспоставени за време на спроведувањето на ИПА II Програмата, во согласност со барањата за поддршка доставени до двете структури за прекугранична соработка – МЛС и SASPAC.
Повикот се објавува врз основа на Активност А2.10.1 „Поддршка на инфо/туристички центри воспоставени во рамки на проекти финансирани од ИПА II“, во рамки на „Техничка помош за Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија, алокација 2023“.
Апликациите поднесени во рамки на овој повик може да бидат во слободна форма; не постои официјален образец за аплицирање.
Апликацијата треба да се достави на следната е-пошта:
jts.mk_al2009@yahoo.com
Крајниот рок за поднесување апликации по овој повик е 04.05.2026 до 16:00 часот. 

Мени за пристапност