Институција која огласува: Министерство за локална самоуправа
Рок на пријавување: 31/12/2025
ИНТЕРРЕГ СОРАБОТНИК ВО РАМКИ НА ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА ПРОГРАМА БУГАРИЈА - СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021 – 2027
Институција која огласува: Министерство за локална самоуправа
Рок на пријавување: 31/12/2025 год.
Република Северна Македонија – Министерство за локална самоуправа во рамки на активностите за имплементирање на програмата ИНТЕРРЕГ VI-А ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021-2027:
Министерство за локална самоуправа објавува
Јавен оглас
за избор на 1 (еден) Интеррег Соработник во рамки на програмата ИНТЕРРЕГ VI-А ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021-2027.
За подетални информации кликнете на линкот
Начин на поднесување на апликација
Вашата апликација согласно условите (TOR) треба да ја пратите во затворен плик во рок од 8 работни дена од денот на објавување, односно на 31.12.2025 год до 14:00 часот. Само апликациите кои се пратени навреме се подобни за разгледување.
Кандитатите во својата апликација да достават:
- CV и мотивациско писмо на англиски јазик;
- доказ за стекнато образование (мин. 180 ЕКТС или VII/1 степен по правни студии, економски науки, јавна администрација или други релевантни социјални науки);
- релевантни документи со кои се докажува бараното работно искуство (мин. 3 години релевантно работно искуство со јавни институции и/или приванти компании, и мин. 1 година релевантно работно искуство со проекти финансисрани од ЕУ или други меѓународни донатори).
Документите треба да се достават по пошта или во архивата на Министерството за локална самоуправа на следната адреса:
Министерство за локална самоуправа
Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54
1000 Скопје, Северна Македонија
Со ознака:
“Апликација за јавен оглас - Интеррег Соработник во рамки на програмата ИНТЕРРЕГ VI-А ИПА Бугарија – Северна Македонија 2021-2027.”