Институција која огласува: Министерство за локална самоуправа
Рок на пријавување: 20/01/2026
Во рамки на активностите за имплементирање на ИПА III Програма за прекугранична соработка Република Северна Македонија – Република Албанија 2021-2027:
Министерство за локална самоуправа објавува
Јавен оглас
за ангажирање на 1 (еден) експерт за подготовка на Базично истражување на податоци (Baseline Data Survey) за утврдување на почетните индикатори на “Техничка помош за Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија-Албанија” во рамки на ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија
За подетални информации кликнете на линкот.
Начин на поднесување на понуда
Заинтересираните кандидати треба да достават детална техничка и финансиска понуда, биографија на експертите/експертот, како и документи кои ја потврдуваат нивната релевантна стручност и квалификации, најдоцна 21 ден од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 20 јануари 2026 година, на следната адреса::
Ул. „Св. Кирил и Методиј“, 54, Скопјe, 1000
Република Северна Македонија
Тел: +389 (2) 3253921
Факс: +389 (2) 3253920
Горенаведените документи треба да се достават во запечатен плик по пошта или курирска служба на адресата наведена погоре, за да пристигнат пред пропишаните рокови.
Дополнително, истите документи мора да се испратат електронски на следната е-пошта: sonja.jovanoska@mls.gov.mk